Skip to main content

ЈП Билјанини извори Охрид

Од денес цената на сите јавни паркиралишта во Охрид 30ден/час

Измената важи за период од 01. 10. 2023 до 31. 03. 2024 година.
 |  инфодеск  | 
променливо облачно фото: Симјаноски

Цените на сите зони, вклучувајќи ја и Премиум зона, со кои стопанисува ЈП Билјанини извори, ќе изнесуваат 30 денари и ќе важат до 31.03.2024 год. Измената во цените е согласно одлуката за дополнување и изменување на одлуката за утврдување на цени за користење на паркинг простори ( Бр. 02-1267/2) донесена на 27. 12. 2022 година.

Од 1 октомври цените на сите зони, вклучувајќи ја и Премиум зона, ќе изнесуваат 30 денари за секој еден час паркирање на јавно паркиралиште со кое ние стопанисуваме. За потсетување досегашните цени за користење на зона А и Б изнесуваа 40 денари за еден час паркинг додека зона Премиум 100 денари за еден час паркинг. Измената важи за период од 01. 10. 2023 до 31. 03. 2024 година.“ – информираат од ЈП „Билјанини извори“

Од јавното претпријатие ги замолуваат сите корисници на јавен паркинг простор со кој стопанисува, да пристапуваат совесно и да ги почитуваат правилата и одлуките на ЈП “Билјанини Извори” и Советот на градот Охрид.