Skip to main content

Од денес дел од улицата „Даме Груев“ ќе биде затворена за сообраќај

Дел од „Даме Груев“ од денес затворена за сообраќај.
 |  инфодеск  | 
Не паркирај

Од денес поради реконструкција на дел од улица „Даме Груев“,  целосно ќе биде затворен за моторен сообраќај делот од улицата, од пресекот со улица „Македонски Просветители “ до пресекот со улица „Булевар Туристичка“.

-Воедно се известуваат и сите жители на овој потег дека почнувајќи од 12.05.2025 година од 06:00 часот наутро да не ја користат оваа улица за сообраќај и да не ги паркираат своите возила на овој дел од улицата, со цел непречено одвивање на активностите, велат од Општина Охрид.