Skip to main content

ОД ДЕНЕС ДОТУР НА РОБА ВО ЧАРШИЈАТА САМО СО МАЛИ ВОЗИЛА

Општина Охрид упатува апел до сите  доставувачи на роба во Охридската чаршија истата  да ја реализираат   со мали моторни возила поради новогодишното украсување на градов што започна денес.

 |   | 

Општина Охрид упатува апел до сите  доставувачи на роба во Охридската чаршија истата  да ја реализираат   со мали моторни возила поради новогодишното украсување на градов што започна денес.  

Доставувањето на робата  да се врши внимателно со цел да не се оштети Ѕвезденото небо што ќе блесне над чаршијата и  градскиот плоштад и да не се уништат останатите новогодишни реквизити. Доставувањето на роба со мали возила во чаршијата ќе биде се додека новогодишните реквизити го красат Охрид.