Од ЈП „Македонија пат“ соопштуваат дека од денеска за возила се затвора патниот правец Охрид-Ресен преку Галичица.
Патниот правец ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила до 31 март 2026 година.
Причините се што патот е на највисокиот планински превој во Македонија, каде има воздушни влијанија непредвидливи ветрови врнежи од снег, ниски температури и е тежок за одржување.