Од денес поскапо паркирање во Охрид
Од денес цената на паркинг во Охрид, е поголема за 10 денари и во првата и во втората зона на централното градско подрачје.
Од денес цената на паркинг во Охрид, е поголема за 10 денари и во првата и во втората зона на централното градско подрачје.
Од ЈП „Билјанини извори“ велат дека причина за ова е Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори која беше усвоена на 40-та седница на советот на општина Охрид.
Согласно одлуката за паркирање во централното градско подрачје за времетраење од еден час, наместо сегашните 30 денари, ќе се плаќаат 40 денари.
Покрај оваа новина од денес ќе има нови цени и за користење на спортските објекти со кои стопанисува препријатието.