За првпат, Општина Охрид воведува хуманитарни паркинзи.
Денешниот ден го збогатуваме со уште една убава вест. Од денес на Кеј Македонија започнуваат да функционираат хуманитарните паркинзи. Граѓаните преку плаќање за паркинг ќе донираат во хуманитарни цели. Средствата кои ќе бидат собрани од наплатата на паркинг ќе се донираат онаму каде што тоа ќе биде најпотребно – вели градоначалникот Кирил Пецаков.
За почеток се предвидени две паркинг места, а во иднина целта е проширување на повеќе локации низ градот.
Инаку, Охрид е првата општина во Македонија која воведува хуманитарни паркинг места.