Oд денес започна со работа новиот ресторан „Бистро Вилиџ“
Oд денес започна со работа новиот ресторан „Бистро Вилиџ“. Ова бистро се наоѓа во комплексот „Village Вања Камчев“, а таму можат да се најдат најразлични готвени јадења, супи и салати за многу ниски цени. За првите посетители на денешното отварање на бистрото следуваше дополнителен попуст од 50% на целата храна.
Во комплексот „Village Вања Камчев“ од денес започна со работа новиот ресторан „Бистро Вилиџ“. Ова бистро е новина во нашиот град и нешто што му недостасуваше на туристички центар како што е Охрид.
Бистрото има интересно мени со високо квалитетни оброци. Во понудата има свежи салати, супи, чорби и готвени јадења, а за љубителите на слаткото има и убави десерти. Цените се навистина достапни за сечиј џеб, па за сума од околу 100 денари може да се добие супер оброк. За првите посетители на денешното отварање на бистрото следуваше дополнителен попуст од 50% на целата храна, како и бесплатно кафе во текот на целиот ден.„Бистро Вилиџ“ ќе биде отворено секој ден, па граѓаните и сами ќе можат да се уверат во квалитетот, понудата и услугата што таму се нуди. Работното време на ресторанот е од 11:00 до 20:00 часот, а на површина од 260 м2 располага со над 50 седишта за гости. Лоциран е на 250 метри од меѓуградската автобуска станица во комплексот Village Вања Камчев (поранешна фабрика „Отекс“).Од менаџментот на Бистро Village не информираа дека попустот од 20% на редовните цени продолжува во текот на наредниот период.
Бистро Village Ве поканува да ги пробате вкусните јадења по најниски цени, а воедно и да уживате во пријатниот амбиент на трговско забавниот комплекс Village Вања Камчев.