Од денес започнува да функционира ограничениот режим за движење во стариот дел од градот за време на летната сезона. Режимот и начинот како ограничениот режим на движење на моторните возила е регулиран е утврден со Правилник за издавање на картички за движење во стариот дел од градот, донесен на 11. 05. 2023 година од страна на Управниот одбор на ЈП “Билјанини Извори”.
-Во таа насока ги известуваме сите граѓани кои имаат потреба од дополителни информации или се соочуваат со проблеми во однос на режимот за движење да се обратат во дирекцијата на ЈП “Билјанини Извори”, Спортска сала “Билјанини Извори”. Ги замолуваме сите граѓани да го почитуваат и да се придржуваат кон времениот ограничен режим на движење во стариот дел од градот, велат од претпријатието.