Skip to main content

Од денеска времен режим на сообраќај на делниците Извор – Врбјани и Ботун – Климештани

Од денес па сè до 28 октомври 2026 година, на делниците Извор – Врбјани и Ботун – Климештани се воведува времен режим на сообраќај.
 |  инфодеск  | 

ГД „Гранит“ АД Скопје од денеска ќе започне со градежни активности за рехабилитација на државниот пат А2, делница Извор – Врбјани и рехабилитација на државниот пат А2 делница Ботун – Климештани каде согласно издаденото Одобрение од Министерството за транспорт се воведува времена измена на режим на сообраќај, информираат од компанијата.

Имено, согласно одобрението од Министерството со број 11–6150/4 од 28 октомври 2025 година, времениот режим на овие две делници ќе се одвива во период од 30 октомври 2025 година до 28 октомври 2026 година