Од ЕД Грашница јавуваат дека истекуваат отпадни води од двата бајпасови кај Грашница
Проблемот е стар со децении од изградбата на колекторскиот систем. Од претпријатието за одржување на колекторот информираат дека станува збор за истек на вишок на вода, а интензивно работат на положната пумпа за забрзување на протокот на вода на пумпната станица кај Подмоље.
Истекуваат отпадни води од колекторскиот систем кај стадионот во Грашница, јавуваат екологисти од ЕД Грашница. Претпоставуваат дека станува збор за исклучување на пумпата кај Даљан.
„ После 30 години и повеќе ова е проблем со истекот на бајпасовите кај плажата Мизо и подолу кај вливот на реката Грашница. Денес е 13 јуни, неколку денови нема врнежи, а бајапсовите без престан течат во езерските води“, вели Борче Стојаноски од ЕД Грашница.
Стојаноски повикува на понкретни активности за решавање на овој проблем од страна на формираното државно претпријатие за одржување на колекторскиот систем.
„ Апел да се обрне внимание на овој проблем. Како екологисти на Грашаица ова е најтешкиот проблем кој не засега иако постојат и поситни, но на овој сериозно да се обрне внимание. Предложивме и донаторска конференција за решавање на овој проблем од финансиски аспект“, вели Стојаноски.
Од директорот на претпријатието за одржување н а колекторскиот систем, Влатко Алексијоски, добивме информација дека двата испусти кај Грашница се проектирани според проектот на колекторскиот систем и служат за испуст на вишокот вода. Пумпната станица кај Даљан работи, а кај Подмоље се санира положна пумпа. Со тоа ќе се забрза протокот на отпадните води , а се очекува до понеделник да биде ставена во функција.