Од година во година расте бројот на охриѓани кои избираат имунизација против сезонски грип
Како што наближува сезоната на ова вирусно заболување од Центарот за јавно здравје прават подготовки. Се прават резервации за 4 валентни вакцини, а мобилни екипи ќе ги вакцинираат во домашни услови граѓаните со посебни потреби и старите изнемоштени лица.
Во првата половина од месец ноември ќе отпочне имунизацијата против сезонски грип. Во периодот од годината кога се приближува циркулацијата на сезонски грип во Центарот за јавно здравје се прават подготовки, инфромира директорот Сашо Точков.
„Ги анимираме граѓаните што значи имунизција и дека единствена заштита од сезонски грип е вакцината. Исклучително квалитетна е 4 валентната, која има добар ефект. Од анализите напревен минатта година беше ефикасна. Анкетираните луѓе споделија дека им помогнала и немале здравствени проблеми поминале без потешкотии во екот на сезоната на грип “, вели Точков.
Од година во година расте бројот на охриѓани кои избираат имунизација против сезонски грип, споделува Точков. Во центарот се води евиденција од 15 октомври до 1 ноември на сите кои ќе сакаат да примат 4 валентна вакцина.
„Возрасни лица , но има и млади луѓе не е штетна се применува и на деца над 6 месеци. Се препорачува за лица со слаб имунитет и здравствени проблеми,“напоменува Точков.
За лицата над 65 години има најава за бесплатни вакцини со упат од матичен лекар. Мобилни екипи од Центарот и годинава ќе вршат имунизација во домашни услови за граѓаните со посебни потреби и старите изнемоштени лица. Минатата година во Охрид, Струга и Дебар биле имунизирани 4.800 граѓани од сезонски грип , бројка која е во пораст споредена со претходните години кога се имунизирале около 3000 граѓани.