Skip to main content

Од јули повисоки цени на цигарите

Цигарите од први јули 2015 година ќе се продаваат по три денари поскапо, измените се согласно календарот за зголемување на акцизите, објави „Телма“.

 |  Голабовски Крсте  | 
cigari

cigariЦигарите од први јули 2015 година ќе се продаваат по три денари поскапо, измените се согласно календарот за зголемување на акцизите, објави „Телма“.

Новата, повисока цена во мало продажните места низ Македонија треба да почне да се применува од 1 јули, доколку производителите не решат тие да ја компензираат разликата во цената.

Поскапувањето нема да запре тука. Предвидено е во наредните седум години цигарите да поскапуваат за 4 денари по кутија годишно. Ако со новите цени најскапата кутија изнесува 133 денари, за 8 години цената ќе се искачи на 154 денари.