Skip to main content

Од Коалицијата Вмро за Македонија ветуваат враќање на демократијата, политичко помирување меѓу граѓанити и економски напредок

Од Коалицијата Вмро за Македонија ветуваат враќање на демократијата, политичко помирување меѓу граѓанити и економски напредок

 |  Валентина Неловска  | 

Kоалицијата ВМРО за Македонија, на овие избори ќе биде вистинско изненадување и ќе претставува клучен фактор за формирање на идната Влада во Република Македонија, но и клучен фактор во идните процеси за демократизација, економски напредок и забрзана евро-атланска интеграција ,истакна на прес конференција шефот на општинскиот изборен штаб Јоне Станкоски.  Иако во својата политичка основа, коалицијата се води од десничарската определба, сепак на овие избори очекуваме голема поддршка од центарот и од левицата, но и од неопределените гласачи бидејќи сме сигурни дека граѓаните се свесни за потербата од сериозен трет политички субјект во Македонија, кој ќе претставува коректор и баланс во идната Влада. Станкоски посочи дека тоа е и нивното  најголемо ветување пред македонската јавност на овие избори.

„ Ветуваме на македонските граѓани, дека како трет политички блок, без кој не ќе биде можно формирање на идната влада во Република Македонија, нема да дозволиме никаков раваншизам врз грбот на обичниот граѓанин, нема да дозволиме ни влакно од главата да му фали на било кој граѓанин, како резултат од политичките пресметки помеѓу ДПМНЕ и СДСМ, ќе бидеме фактор за релаксирање на атмосферата и враќање на слободите и правата, фактор кој ќе ја врати довербата во системите на државата, фактор кој ќе ја ослободи бизнис климата и конечно фактор кој ќе го запре погубното иселување на младите луѓе од Македонија. Сето ова е многу едноставно и зависи само од граѓаните на Македонија, ние еднаш покажавме дека можеме и знаеме тоа да го направиме предводени од лидерот Георгиевски“, истакна Станкоски.
На прес конференцијата се обратија и двајца кандидати за пратеници на изборните листи во 5-та, Ванчо Костоски и Владимир Каневче. Каневче од Обединети за Македонија ветува промени во политичкиот амбиент во земјава.

„Ќе се трудиме за едно помирување на македонскиот народ кој во овие 2 години премногу ја рашири омразата обединување и  помирување  и Македонија да тргне по својот пат каде што и местото“, истакна Каневче.
Чест ми е да бидам на кандидатската листа на Коалицијата „Вмро за Македонија“, а нашата основна цел ќе е враќање на демократијата во земјата, истакна и Костоски. Претендираат на 15 пратенички места со кој ќе бидат фактор за формирање на Власта.

„Жалам што оваа Коалција не беше направена пред 5 години во 2011 година ако тогаш ја направевме немаше да ни се случува ова што се случува во РМ. Немаша да дозволиме како коректори на власта, власта да дојде до овој степен и да ја донесе државата до овој степен на внатрешна и надворешна криза“, кажа  Костоски.
Покрај Костоски и Каневче на кандидатската листа од оваа Коалиција за 5- та изборна единица се наоѓаат од Вмро НП, Ратко Домазатоски и  Билјана Мојсоска,  и Тања Ставреска од Обединети за Макеоднија.


Утревечер со почеток од 19 часот, во центарот за култура Григор Прличев, ќе се одржи и првата средба со граѓани  на коалицијата, на кој ќе биде презентирана изборната платформа, како и кандидатите за пратеници од изборните листи.