Од наредната седмица започнува дезинсекцијата и дератизацијата во Охрид
Од локалната самоуправа информираат дека тендерската постапка за избор на фирма која ќе ја врши дезинсекцијата против комарци на територијата на општина Охрид, е завршена. Фирмата Лиса-Ком ДООЕЛ од Кавадарци треба да ја спроведе дезинсекцијата и дератизацијата, додека nадзорот на работите ќе ги врши Центарот за јавно здравје од Охрид.
Од локалната самоуправа информираат дека тендерската постапка за избор на фирма која ќе ја врши дезинсекцијата против комарци на територијата на општина Охрид, е завршена. Фирмата Лиса-Ком ДООЕЛ од Кавадарци треба да ја спроведе дезинсекцијата и дератизацијата, додека nадзорот на работите ќе ги врши Центарот за јавно здравје од Охрид.
Наредната недела започнува земјеното прскање против комарци на територијата на Општина Охрид. Oд локалната самоуправа информираат дека тендерската постапка за избор на фирма која ќе ја врши дезинсекцијата, запрашувањето против комарци на територијата на општина Охрид, е завршена. Во тек е постапка за потпишување на договор со фирмата Лиса-Ком ДООЕЛ Кавадарци, која беше избрана за најповолен понудувач на распишаниот јавен повик. Основна дејност на оваа фирма е дезинфекција, дезинсекција и дератизација.
„Според договорот ќе има две запрашувања против комарци и две третирања за дератизација. Површината изнесува 7о хектари кои ќе бидат запрашени, а ќе бидат третирани околу 3000 шахти на територијата на Општина Охрид и сооглед на тоа дека постапката е завршена се очекува до крајот на оваа недела или некој од деновите на викендот, да го имаме првото запрашување“ вели Томе Џамтоски – портпарол Општина Охрид.
Авионското прскање против комарци оваа година најверојатне ќе изостане. Неофицијално станува збор за проблем со леталата кои досега се користеа за спроведување на авионската дезинсекција. Вообичаено, запрашувањето од земја, како што информираат општина Охрид, ќе се врши во периодот од 22 до 06 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето од селото Подмолје до комплексот Свети Наум, територијата на градот Охрид од река Грашница до Коселска Река. Покрај адултната земјена дезинсекција, паралелно планирано е да се спроведе и дератизација, со која ќе бидат опфатени околу 3000 шахти, информираат од локалната. Надзорот на работите ќе ги врши Центарот за јавно здравје од Охрид, велат од локалната самоуправа.