Skip to main content

Од Охрид ќе се лета и за Базел и Лондон

Од Охрид за време на летната сезона ќе се лета за Базел и за Лондон, што за патниците ќе значи поедноставен транспорт, нови можности за туризам и бизнис, а за концесионерот зголемени приходи.

 |  Голабовски Крсте  | 
aerodrom

Од Охрид за време на летната сезона ќе се лета за Базел и за Лондон, што за патниците ќе значи поедноставен транспорт, нови можности за туризам и бизнис, а за концесионерот зголемени приходи.

Од ТАВ Македонија информираат дека се зголемува бројот на патници, но и на компании кои оперираат од домашните аеродроми.

aerodrom– Откога ТАВ раководи со двата аеродрома во Република Македонија имаме големо зголемување на бројот на патници и на авиооперации. За 5 години растот изнесува 75%, што на крајот доведе до тоа, лани да ја натфрлиме бројката од милион патници. Во моментов од скопскиот аеродром опслужуваме 26 европски дестинации и една интерконтинентална линија до Дубаи, а од јуни и јули се воведуваат и нови линии, вели првиот човек на „ТАВ Македонија“, Зоран Крстевски.

Од Скопје за Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридрисхафен двапати неделно. Македонската метропола во јуни и јули добива нови авиоврски со европските градови.

Во летниот ред на летање, кој важи до 24 октомври 2015-та година, на располагање се ставени следниве дестинации: Барселона, Базел, Белград, Брисел, Келн, Дортмунд, Дизелдорф, Дубаи, Ајндховен, Франкфурт, Фридрисхафен, Женева, Гетеборг, Хамбург, Истанбул, Љубљана, Лондон, Малме, Милано, Минхен, Нирнберг, Осло, Париз, Рим, Сплит, Стокхолм, Венеција, Виена, Загреб и Цирих.