Од охридскиот Завод за кардиологија пренесуван во живо третман на периферна артериска болест
Од охридскиот Завод за кардиологија пренесуван во живо третман на периферна артериска болест.
Во охридскито Завод за кардилогија се организираше работилница третман на периферна артериска болест на која оператор беше доктор Никола Бакрачески. Станува збор за многу честа патологија кај пациентите во земјава која по зачестеноста не заостанува зад болестите на крвните садови на срцето, напоменува д-р Бакрачески.
„ Со оваа работилница наша цел беше поголем дел од интервентните катетеризации во РМ лабараториите кои имаат можност да изведуваат ендоваксуларни процедури да се запознаат со сите модели и третмани на лекување на периферна артериска болест да усвојат одредени знаења. Понатака тие знаења да ги воведат во матичните установи од каде што доаѓаат. Целта е да има поефикасен третман на периферната артериска болест која ќе дава добри резултати во РМ“, истакна Бакрачески.
Кардиолошкиот завод организира напредна медицинска едукација од интерактивен вид во живо од лабараторија во конференциска сала. Присутните може да ги следат сите детали, процедури, вештини на операторите во сала, подвлекува д-р Бакрачески.
„ Ние како Завод подолго ја применуваме оваа метода на усвојување на знаења. Таа бара вклучување на техника и персонал кој има можност да врши трансмисија на видео и аудио сигнал со камери и спикери на повеќе места,“напомена Бакрачески.
Изведуваната интервеција беше пренесувана во живо со помош на врвни еминентни европски ендоваскуларни специјалисти од клиниките од Салцбург и Љубљана.