Од Охридското езеро извадени 12 километри потопени рибарски мрежи
Од Охридското езеро извадени 12 километри потопени рибарски мрежи.Тие се сериозен еколошки проблем ,а најкритичен е потегот кај пумпната станица кај Метропол. Хидробилошкиот институт ги презентираше препораките од кампањата 18 дена на Охридското езеро спроведен минатата година со поддршка на Германско друштво за интернационална соработка и Германското сојузно министерство за економска соработка и развој.
Со помош на сонори, нуркачи, рибари и експерти од Хидробиолошкиот инситут од Охридското езеро се извадени вкупно 230 рибарски мрежи. Станува збор за 12 километри потопени рибарски мрежи кои со децении гнијат во длабочините на езерските води, а се сериозен еколошки проблем за животинскиот свет на езерото. Мрежите беа вадени во текот на кампањата 18 дена на Охридското езеро минатата година, информира Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот институт.
„Сега со пилот проектот не е одстрането ни еден посто од она што се наоѓа во езерото. Од она што го имаме како сознание од македонската и албанската страна нивниот број е голем. Од страна на министерството за земјодели, шумарство и водостопанство како одговорни за рибниот фонд на Охридското езеро побарано е и прифатено во годишните програми да издвојуваат средства за ваква намена“, посочува Спиркоски.
Покрај оваа препорака дадени се уште неколку меѓу кои да се пријавуваат од страна на рибарите сите загубени рибарски мрежи, а МЈП Проаква да го чисти еднаш годишно просторот кај пумпната станица од потопените рибарски мрежи . Во нив завршуваат и угинуваат голем број на животински видови и се сериозен еколошки проблем.
„Нашата препорка е прифатена и беше применета годинава. Проаква распиша повик за нуркачи кои треба да ги проверат и одстранат новите рибарските мрежи“, подвлекува Спирокоски.
Во текот на реализацијата на проектот присутни биле и претставници од Албанија затоа што и таму тоа е сериозен проблем. За целосно одстранување на мрежите од двете странаи на езерото било констатирано дека е потребна прекугранична соработка.
Инаку, пилот проектот за одстранување на рибарските потопени мрежи се реалзираше минатата година со поддршка на Германско друштво за интернационална соработка ГИЗ и Германсксото сојузно министерство за економска соработка и развој .