Од ОК на ВМРО ДПМНЕ со критики за охридското здравство
Од ОК на ВМРО ДПМНЕ со прес конференција го критикуваше охридското здравство. Критиките се упатени за старите и нереновирани болници, расипаните медицински апарати и вработувањето на медицински сестри во Општа болница Охрид.
Отакако СДСМ го презеде здравствениот систем тој е последно рангиран и најлош здравствен систем во Европа. Ниту се реновираат болници, ниту се градат нови. Медицинските апарати не се поправаат и не се набавува современа медицинска опрема, обвини Кирил Пецаков член на Извршниот комитет од партиската говорница на ОК ВМРО ДПМНЕ. Медицинскиот персонал никогаш повеќе не бил деградиран и понижен. Секојдневно јавноста ја тресе некој нов скандал во здравството, рече Пецаков.
„ Во ЈЗУ „Општа болница“ од 31 кандидат рангиран според успех, за медицинска сестра не е примен најдобриот кандидат, туку последниот. Зошто ја уништувате надежта на медицинските кадри со високи квалитети? Ова е голем срам за охридското здравство. За Директорот на ЈЗУ „Општа болница“ и СДСМ бодирањето на кандидатите на конкурсот за медицински сестри според тестот на знаење и успехот од образованието не се пресудни за да се стапи во работен однос. Кои се тие други параметри и квалитети кои што се земаат во предвид?, праша Пецаков.
Наместо да бидат вработени солидни кадри, способни и со висок просек, сведоци сме на негативна селекција, рече Пецаков.
„ Врз основа на критериумите и стандардите со кои владее СДСМ повеќе од јасно е дека списокот за вработување медицински сестри кои ќе се вработат е однапред познат. Води ли некој грижа за состојбите во болницата?, праша Пецаков.
Здравјето е најважаниот сегмент за човекот. Тоа не важи за СДСМ, бидејќи целта е да се постават послушни партиски војници. Партиските бизниси на грбот на пациентите и здравствениот персонал е одлика на раководството на СДСМ. Граѓаните не се должни да страдаат, а за овој скандал мора да се сноси одговорност, порача Пецаков од партиската говорница на ОК ВМРО ДПМНЕ.