Од општинската ВМРО обвинуваат дека под раководство на СДСМ трошоците за живот се зголемуваат
Од општинската ВМРО обвинуваат дека под раководство на СДСМ трошоците за живот се зголемуваат од месец во месец и сериозно се загрозува животниот стандард на охриѓани. ВМРО-ДПМНЕ бара да се поништи одлуката за поскапување на услугите што ќе се наплаќаат на тезгаџиите на градскиот пазар и да се врати стариот ценовник во интерес на граѓаните на Охрид.
Охриѓани плаќаат поскап дизел, зголемени се цените на производите и јавниот градски превоз, зголемена е цената на водата а поскапеа сметките за нискоградба, обвинија на денешната пресс конференција од ОК на ВМРО ДПМНЕ. Посочија дека управниот Одбор на ЈП „Градски Пазар“ на седницата одржана на 23.2.2018 донел одлука со која се утврдува зголемување на висината на услугите за тезги за продажба на земјоделски и занаетчиски производи.
Дали СДСМ свесно бара начини како повеќе да собира од граѓаните и сака да ги доведе пазарџиите до питачки стап, знаејќи дека и со новиот закон за зелени пазари имаат нови давачки за да набават лиценца, да платат паушален данок како и придонеси? Се зголемува надоместокот за користење под закуп тезги, дневниот надоместок за користење на тезгата за еден ден, штандови, а најголемо зголемување има кај деловните простори за цели 71.8%. Повисоките цени на закуп на тезгите кои ќе ги плаќаат пазарџиите, за разлика од порано, автоматски ќе ги поскапат и цените на производите кои охриѓани треба да ги купат, обвинува Кирил Пецаков- претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ бара да се поништи одлуката за поскапување на услугите што ќе се наплаќаат на тезгаџиите и да се врати стариот ценовник во интерес на граѓаните на Охрид.
Се враќа ли времето кога општински претпријатија стануваат сопственост на мал број криминално–бизнис кланови блиски токму до СДСМ, прашува Пецаков.
ОД општинската ВМРО велат дека загрижува фактот што трошоците за живот се зголемуваат од месец во месец и сериозно се загрозува животниот стандард на охриѓани.