Skip to main content

Регулаторна комисија за енергетика

Од полноќ нови цени на горивата

Бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од полноќ ќе се продаваат по намалени цени, додека пак мазутот ќе поскапи, одлучи денеска Регулаторната комисија.
 |  инфодеск  | 
Горива

Од вечерва на полноќ горивата ќе се продаваат по нови цени.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на еуросупер  БС95 и еуросупер БС98 од полноќ се намалуваат за два денари за литар, па така, литар еуросупер  БС95 ќе се продава за 84,5 денари, додека малопродажната цена на еуросупер БС-98 ќе изнесува 86,5 денари за литар. Малопродажната цена на еуродизел се намалува за 1,5 денар и од полноќ ќе се продава за 86,5 денари за литар.

Од полноќ со нови цени ќе се продаваат и екстра лесното масло за домаќинство и мазутот. Екстра лесното масло поевтинува за еден денар за литар и ќе чини 82,5 денари, додека пак, цената на мазутот се зголемува за 0,027 денари за килограм и ќе чини 41,81 денари.