Skip to main content

Регулаторна комисија за енергетика

Од полноќ поскапува дизелот

Од полноќ малопродажната цена на дизелот ќе се зголеми за 2,5 денари и ќе се продава по 80,5 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
 |  инфодеск  | 
Точење на гориво

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика од ноќеска по полноќ ќе поскапат дизел горивото и нафтата за домаќинствата, додека цената на бензините како и на мазутот останува непроменета.

Малопродажната цена на Еуродизелот се зголемува за 2,5 денари за литар, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 3 денари за литар.

Максималните цени по кои ќе може во малопродажба да се продаваат горивата изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС – 95 76,00 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС – 98 78,50 (денари/литар)
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 80,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 78,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 39,370 (денари/килограм)