Skip to main content

Од полноќ поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука според која вечерва по полноќ дизел горивото поскапува за 2 денари по литар, додека бензинот за половина денар.

 |   | 
Точење на гориво

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука според која вечерва по полноќ дизел горивото поскапува за 2 денари по литар, додека бензинот за половина денар.

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,24 отсто. Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе изнесува 75,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе се продава за 77,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС и Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) по 67,5 денари за литар. Со одлуката на Регулаторна за 1,514 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот и ќе изнесува 41,724 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од Регулаторната комисија ги посочуваат зголемените референтни цени на светските берзи во изминатите седум дена кај бензинот во просек за 2,051 отсто и кај дизелот за 4,978 отсто, како и повисокиот курс на денарот во однос на доларот.