Skip to main content

Регулаторна комисија за енергетика

Од полноќ поскапуваат горивата

Цената на горивата од полноќ се зголемува за 1,5 до два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
 |  инфодеск  | 
Точење на гориво

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,68 % во однос на одлуката од 26.12.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 5,153%, кај дизелот за 2,830%, кај екстра лесното масло за 3,424% и кај мазутот за 0,596%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,334%.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,062 ден/кг и изнесува 40,655 ден/кг.

Од 4.1.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС95 – 79,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС98 – 81,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 81,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 80,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 40,655 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 04.01.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.