Од понеделник асфалт на улицата Распаќе
Од понеделник ќе почне асфалтирањето на улицата Распаќе која е крак на регионалниот пат Охрид – Радожда. Оваа улица подого време беше во мошне лоша состојба со ударни дупки кој ја загрозуваа безбедноста на возачите. Реконструкцијата на улицата ќе чини 6 милиони денари.
Улицата Распаќе, дел од региналниот пат Охрид-Радожда, од понеделник ќе почне да се афалтира. Возачите реагираат дека патниот правец започнал да се подготвува пред еден месец и сеуште не е асфалтиран. Сообраќајницата е фрекфентна многу често се вози не само по стариот пат кон Струга туку и кон специјалната болница за ортопедија Св. Еразмо. Возачите прашуваат кога ќе добијат асфалтирана улица. Веднаш по завршувањето на реконструкција на подолг патен правец во Струга ќе почнеме со довршување на започнатите подготовки за реконструкција, информира Крсте Ташкоски, раководител на ЈП Македонија пат – секција Охрид.
„ Екипите на Македонија пат работат во Струга. Се надеваме дека од понеделник ќе се префрлиме на Распаќе во должина од 900 метри. Патот долго време беше во лоша состојба и ќе го поправиме за поголема безбедност на возачите и пешаците“, кажува Ташкоски.
За асфалтирање на Распаќе се издвоени средства во висина од 6 милиони денари од Годишните програми на двете ЈП „Македонија пат“ и „Државни патишта“. До крајот на оваа година според програмите за работа ќе бидат санирани и други патни правци, напоменува Ташкоски.
„ Во план се и други улици од Охрид кон Св. Наум, оштетните делници се во план да се санираат до крај на 2018 година и се проекти од патниот правец 1301“, вели Ташкоски.
Од ЈП Македонија пат ги прават пресметките за реновирање и на Булевар Туристичка. Секоја година се прават програми за работа и се скенираат оштетувањата на улиците кој се во наша надлежност, а кој ќе бидат приоритетни во 2019 година, вели Ташкоски.