Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид
Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 6 часот наутро
Најнова информација од ЈП Охридски Комуналец.

Од ЈП Охридски Комуналец информираат дека почнувајќи од 15.06.2026 год. комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот наутро.
-Согласно Програмата за работа за оперативната 2026 год., Ј.П.,,Охридски Комуналец” во летниот период собирањето, транспорт и депонирањето на комуналниот отпад ќе го реализира од 06:00 часот. Овие активности се превземаат заради зголемениот обем на работа и потребите кои се наметнати во летниот период. Секое непочитување на динамиката ќе биде пријавено до Комуналната инспекција и ќе биде соодветно санкционирано, се додава во нивното соопштение.




