Skip to main content

Од први септември пониски цени на паркинзите во Охрид

После големиот број реакции на социјалните мрежи за висината на цената за користење на паркинг просторот во Охрид со кој стопанисува ЈП „Билјанини извори“ од јавното претпријатие со известување до јавноста дека од 1 септември 2019 година (недела) согласно одлуката на Советот на Општина Охрид за давање согласност на одлуката за дополнување на одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг просторот број 08-8433/27 од 10.06.2019 година, цените за користење на паркинг просторот со кој стопанисува претпријатието за 3-те степени на ограничување (3 зони на паркирање) ќе се намалат за 10 денари за секој час паркирање.

 |   | 

После големиот број реакции на социјалните мрежи за висината на цената за користење на паркинг просторот во Охрид со кој стопанисува ЈП „Билјанини извори“ од јавното претпријатие со известување до јавноста дека од 1 септември 2019 година (недела) согласно одлуката на Советот на Општина Охрид за давање согласност на одлуката за дополнување на одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг просторот број 08-8433/27 од 10.06.2019 година, цените за користење на паркинг просторот со кој стопанисува претпријатието за 3-те степени на ограничување (3 зони на паркирање) ќе се намалат за 10 денари за секој час паркирање и тоа:

Зона А од 40 денари на 30 денари за еден час и

Зона Б од 30 денари на 20 денари за еден час

додека третиот степен на ограничување Зона Премиум ќе се намали за 40 денари за секој час паркирање и од први септември ќе изнесува 60 денари за еден час паркирање.