„Во првата сабота од месец април, поточно на 01.04.2023 год., започнуваме со реализирање на Календарот за 2023 година на акциите за подигнување на кабаст и зелен отпад на територијата на општина Охрид“, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Со календарот е опфатена секоја урбана заедница во градот со цел надминување на проблемите кои граѓаните на општина Охрид ги имаат околу собирањето на кабаст и зелен отпад.
На овој начин се надеваме дека ќе придонесеме да изостанат сликите од одложен ваков вид отпад покрај садовите за депонирање комунален отпад и други несоодветни локации, надвор од динамиката дефинирана во календарот. ЈП „Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 01.04.2023 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.1 Стар Град. Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 01.04.2023 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.