Од „Совест“ остварија средба со Комисијата за односи со верските заедници
Реконструкцијата на Али Пашината џамија во Охрид деновиве беше една од темите на средбите на директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Даријан Сотировски со претставници на ИВЗ, МПЦ и институциите во Охрид. Покрај со претставници на верските заедници и локалната власт, Сотировски имал средба и со претставниците на здружението „Совест“, кои долго време јавно искажуваат загриженост поради градежни работи на Али Пашината Џамија во Охрид.
Здружението на граѓани „Совест “ на средба со Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи. Средбата била на барање на директорот на Комисијата,Даријан Сотировски. Од здружението „Совест“ го поздравуваат гестот на Комисијат која е првото тело на централната власт кое што досега покажало интерес дирекно да ги слушне реакциите на граѓаните околу реконструкцијата на Али Пашината џамија. Претседателот на „Совест“ Михаил Трендафилов Нанче, смета дека новиот директор на Комисијата ќе трасира една нова насока во текот на настаните околу градежните зафати на Али Пашината џамија.
„Гледајќи ги нашите изјави сфатил дека овде нешто чудно се случува. Претседателот е тргнат да ја бара вистината, без разлика што е директор на институција очигледно тој сака вистината да ја слушне од нас сите. Тој без оглед на се не се плаши со секој да седне и разговара…што е многу добро. Нас досега никој не не повика да кажеме…ако не правевме прес конференции и не притискавме и ако не покреневме кривични и прекршочни пријави тие министерства не покажаа интерес“.
Во врска со прекршочните и кривични пријави кои ги поднесоа од „Совест“ за инспектори и раководни лица на институции, Нанче вели дека и покрај тоа што од обвинителството немале повратна информација до каде се постапките, сметаат дека сепак обвинителството си ја врши својата работа.
„Знаеме и нешто друго дека до ИВЗ покренати се одредени постсапки, но знаеме и она што е евидентно тие во ниеден момент не престанаа со работа . И се поставува прашање, каде се наоѓаме ние и како нема институција која што ќе каже стоп вие работите надвор од законите. Не дека ние сакме да постигнеме нешто бог знае што, ние браниме само мултикултура која за нас е „Оче наш“.
Во моментов од здружението „Совест“ чекаат одговор на материјалите кои на 17 февруари ги доставиле до Националната канцаларија на УНЕСКО во Скопје. Нанче се сомнева дека ќе добијат коректен одговор, бидејќи главен координатор на УНЕСКо во Скопје бил советникот на Министерот за култура. Од Здружението не отстапуваат од идејата за собирање потписи и референдум доколку институциите не го решат актуелниот проблем со, според нив, незаконските градежни зафати на Али Пашината џамија во Охрид.