Од утре граѓаните ќе може да ги користат ваучерите за летување
Дестинацијата на која ќе може да летуваат или зимуваат ќе може да ја изберат преку интернет платформата дома си е дома. Над 100 000 граѓани кои ги исполнија условите можат да изберат од хотелите, приватните апартмани, автокампови, одморалишта, бањи кои ги понудија своите капацитети да бидат опфатени со оваа владина мерка. Агенцијата за туризам очекува годинава од домашните гости да бидат остварени повеќе од два милиона ноќевања, во што удел ќе имаат токму ваучерите.
Охридските угостителски и сместувачки капацитети пријавени на платформата Дома си е дома се подготвени од утре да ги дочекаат гостите кои ќе плаќаат со ваучерите за летување. Над 100 000 граѓани ќе можат да изберат од хотелите, приватните апартмани, автокампови, одморалишта, бањи кои ги понудија своите капацитети да бидат опфатени со владина мерка како поддршка туристичкиот сектор погоден од ковидкризата. Агенцијата за туризам очекува годинава од домашните гости да бидат остварени повеќе од два милиона ноќевања, а голем удел во тој приход ќе имаат токму ваучерите.
Будимир Соколовиќ, сопственик на вила Мал Св. Климент, информира дека во нивниот сместувалки објект, исто така, може да се плати со ваучерот Дома си е дома и платежната картичка Купувај Домашно. Напоменува дека од оваа година имаат и нова туристичка понуда, а тоа е едрење.
„Деновиве има интерес и за сместување и за едрењето каква ќе реализицијата ќе видиме во наредниот период. Многу не се надеваме , во наредните 3 недели ќе е гужва и хаос и после тоа не очекуваме да има гости. Цените споредено со минатата година се пониски за 40 проценти. И плус даваме гратиси, како на пример шише вино, едрење, гратис еден ден во зависност од бројот на резервирани ноќевања“.
Соколовиќ , кажува дека скоро сите резервации за ова лето и есен им се откажани и загубите се преку 95 проценти.Туристичката сезона е катастрофална споредено со истиот период од мината година иако се спроведени сите протоколи за заштита од Ковид 19.
Огромен интерес покажуваат граѓаните за користење на ваучерите за престој во Студентскиот дом „Никола Карев“. Ние се наоѓаме на платформата Дома си е дома, клиентите може да ги видат условите кои ги нудиме и може да ги користат и двете картички ваучерите за Дома си е дома и платежната картичка Купувај Домашно. Цените кои ги нудиме се многу ниски, оттаму и интересот, информира м-р Жарко Куциноски, директор на СД Никола Карев.
„Може да ги користат ваучерите во Студенскиот дом. Тие 6000 денари доделени за туризам ќе се користат за цени од претходно, нити сме ги зголемиле нити намалиле цените. Можам да кажам дека 400 денари е ноќевање, ноќевање со појадок е 600 , полупансион 760 денари и полн пансион 910 денари. Интересот е огромен и секојдневно добиваме меилови и повици и се надеваме дека ќе го искористиме домот како сместувачки објект каков што бараат туристите“.
Куциноски вели, дека моментално веќе се сместуваат по двајца во соба или четворица ако се од исто семејство. Во целост ги почитуваат добиените протоколи од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.