Skip to main content

Од утре нов режим на сообраќај во градов

Изгласан летниот режим на сообраќај и продолжено работното време на угостителите во одредени денови. Ова се дел усвоените предлог одлуките на денешната 25та седница на Советот на општина Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 
leten rezim
летен режим

Предлог одлуката за организирање на летниот режим на сообраќај на дел од територијата на Охрид, една од најжешките теми на денешната 25та седница на Советот на општина Охрид.

rezim na soobrakjajСпоред новиот режим, кој стартува утре, дел од улиците во градов целосно се затвораат за сообраќај, а дел ќе имаат сообраќај само во една насока. Како и изминатите години, забраната за сообраќај се однесува за временскиот интервал од 20 часот навечер до 05 часот наутро за сите граѓани, додека од 5 часот наутро до 20 часот навечер движењето е дозволено за жителите од стариот дел на градот кои поседуваат посебни пропусници.

„Улицата Кеј Маршал Тито се затвора за сообраќај, фактички тоа е шеталиштето кое се поврзува со стариот дел на градот од плоштадот „Свети Климент Охридски“, улицата „Цар Самоил“, „Коста Абраш“ и „Илинденска“ се забранува секаков вид на моторен сообраќај во период од 20 часот до 5 часот наутро кога овој простор ќе се користи како пешачка зона во летниот период од 1 Јули до 31 Август 2014.“-вели Томе Змејкоски од одделението за комунален развој и сообраќај при локалната самоуправа.

Kosta Abras kluckaОсвен што влегуваат во зоната на смирен сообраќај, улиците Коста Абраш и Цар Самоил ќе имаат сообраќај и во една насока, односно за да стигнете во стариот дел на градот од градскиот плоштад ќе треба да се движите по улицата Цар Самоил која е еднонасочна во правец на црквата Света Софија, додека за да стигнете од стариот дел на градот до градскиот плоштад ќе треба да се движите по улицата Коста Абраш која исто така е еднонасочна од црквата Света Софија па до градскиот плоштад. Жителите од стар град нема да можат да го користат кракот од улицата пред ЗЗ Топ до хотелот Александрија за да стигнат на градскиот плоштад. Советничката група на СДСМ, со забелешки токму за летниот режим на сообраќај.

„Нашиот став е дека прво со оваа точка доста се доцни. Оваа точка требаше на една од поранешните седници да биде донесена за да може веќе тој сообраќаен режим да функционира, а она што е најважно во случајот е оној класичен пропаганден однос кој го има ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е да најавува доста работи, бомбастично, а притоа немаше нивно остварување. Во овој случај, мислам конкретно на стручната сообраќајна студија која ја најавуваа толку бомбастично минатата година деќа ќе биде донесена, но се до ден денес, не е донесена.“-рече координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојаноски.

soobrakjaj Star gradСекретарот на општината, Димитар Спасески, вели дека причина зошто сеуште ја нема сообраќајната студија, е тоа што двата јавни повици за изработка на истата биле неуспешни.

„Како локална самоуправа не отстапуваме од тоа да успееме да пронајдеме фирма или стручни лица кои што за потребите на општина Охрид ќе ја изработат оваа студија. За жал во оваа една година, во овој период меѓу два совети, овој проект не е завршен, и не е реализиран. Ние направивме се што можевме за тој да успее, но кога сте поврзани со пројавување на интерес на други лица, кога работат, не зависи од вас, а ние како служби немаме капацитет да ја извршиме таа сообраќајна студија. Се надевам дека во догледен период ќе успее некоја од јавните објави и Охрид конечно ќе ја добие долго најавуваната сообраќајна студија.“-изјави секретарот на општината Димитар Спасески.

ugostiteli rabotno vremeНа денешната седница беше изгласано и продолжувањето на работното време на угостителските објекти. За опозицијата, оваа предлог одлука беше прифатлива, но со одредени забелешки.

„Охрид како туристичка дестинација не е профилирана. Дали сме ние мирна и одржлива туристичка дестинација во јија што ќе го искористам таквиот термин, ќе имаме едно мирно работно време во кое што лужето до одреден временски период ќе се забавуваат, а потоа луѓето си се подготвени за да можат да одат наработа. Или пак ќе го претвориме Охрид во дестинација која што ќе биде бурна, која што ќе нуди доста забава и на таков начин ќе го привлечеме овој туристички сегмент, а тоа се особено младите кои што сакаат забава во доцните саати и кои бараат интензивна забава, но и силно профилирана забава.“-изјави координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојаноски.

Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, вели дека со оваа одлука фактички локалната им излегува во пресрет на угостителите со кои вели дека имаат постојана комуникација.

„Апсолутно како локална самоуправа застанавме на страната на развојот на туризмот во Охрид, ги согледавме сите аспекти и можности законски, да дозволиме продолжување на работното време, ги направивме неопходните координации со пазарната инспекција и дојдено е до заклучок дека работното време може да се продолжи во определени денови до еден час, и во опредлени денови кога се случуваат значајни културни настани за Охрид работното време да може да се продолжи за два часа.“-вели секретарот на општината Димитар Спасески.

На денешната седница се гласаше и за разрешување и именување на членови на надзорни и управни одбори  во јавните претпријатија од градов, како и членови на училишниот одбор во ОУ „Свети Климент Охридски“. Изгласани беа и одлуките за отворање на испостави на детската градинка „Јасна Ристеска“ во Пештани и населбата Радојца Новичиќ. Покрај тоа, се изгласа и предлог одлуката за отстапување на паркинг просторот кај капетанијата, од општина Охрид на ЈП Билјанини извори, а беа изгласани и неколку предлог одлуки од сферата на урбанизмот.

{loadposition content9}