Skip to main content

УХМР

Во Охрид денес до 30°C, од викендов започнува период на екстремни горештини

Минималните температури од 15, а максималните до 30 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималните температури од 15, а максималните до 30 степени Целзиусови.

Од УХМР најавуваат дека под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.