Одбележан Денот на таткото
По повод меѓународниот ден на таткото, 13ти септември, женскиот центар Бисера за учениците од основните училишта организираше литературен и ликовен конкурс на тема „Татко“.
По повод меѓународниот ден на таткото, 13ти септември, женскиот центар Бисера за учениците од основните училишта организираше литературен и ликовен конкурс на тема „Татко“. Конкурсот беше отворен од 25ти август, до 11ти септември.
Најдобрите литературни и ликовни творби синоќа беа наградени на манифестацијата која се одржа во ОУ „Братство и Единство.
На литературниот конкурс во одделенска настава:
1. Ивана Недеска – IV одд. ОУ „Ванчо Николески“ П.Е Косел
2. Сара Богданоска – V одд. ОУ „Кочо Рацин“
Во предметна настава, најуспешни се покажаа учениците од ОУ „Братство и Единство“, а наградени беа литературните творби на следниве ученици:
1. Јана Голабоска – VI одд. ОУ „Братство и Единство“
2. Јована Милеска – VI одд. ОУ „Братство и Единство“
3. Марина Климоска – VIII одд. ОУ „Братство и Единство
3. Никола Јакимоски – VI одд. ОУ „Братство и Единство“
На ликовниот конкурс во одделенска настава најдобрите цртежи ги нацртаа:
1. Десарт Елмази – IV одд. ОУ „Братство и Единство“
2. Мартин Темелкоски – IV одд. ОУ „Кочо Рацин“
3. Виктор Попов – IIIодд. ОУ „Григор Прличев“
3. Елена Димоска – II одд. ОУ „Ванчо Николески“ П.Е Косел
Во предметна настава најкреативни беа:
1. Наташа Танческа – VIII одд. ОУ „Григор Прличев“
2. Бисера Милошеска – VI одд. ОУ „Братство и Единство“
Годинава на конкурсот учествуваа и дечињата од градинката „Јасна Ристеска“. Наградени беа:
Елена Веруш, Гашоска Ивана, Билкова Бојана и Јолушески Александар.
На наградените творби кои учествуваа на конкурсот им беа доделени пригодни награди и благодарници.
На манифестацијата со забавна програма учествуваа дечиња од детската градинка „Јасна Ристеска“ и од основните училишта од градов.
Оваа година покровител на манифестацијата беше Општина Охрид.
{loadposition content9}