Skip to main content

Богатството наше – јазикот

Одбелжан патронатот на ОУ “Свети Климент Охридски“

Овогодишна прослава на патрониот празник училиштето тематски ја посвети на Македонскиот мајчин јазик.
 |  инфодеск  | 

Со свечена програма, синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“, беше одбелжан празникот на ООУ “Свети Климент Охридски“. Годинашното чествување на празникот беше под мотото „Богатството наше – јазикот“.

Пред бројните ученици, родители, граѓани и гости од соседна Србија, се обрати директорот на училиштето, Јордан Пуроски.

Нашата овогодишна прослава тематски е посветена на нашиот мајчин јазик. Нашите ученици треба да ја разберат и да ја почуствуваат неговата важност и потреба. Денес можеме да ја почуствуваме и да ја разбереме историската борба низ која поминал за да опстане и да продолжиме да го негуваме и чуваме, зошто тој е нашето главно обележје. Токму за богатството наше – јазикот, говори нашата вечерашна програма која ја подготвија учениците – истакна во своето обраќање Пуроски.

Во продолжение на програмата, учениците изведоа богата уметничка програма, а беа доделени и наградите за најуспешни литературни творби.

Чествувањата на Св. Климент Охридски, претходно беа одбележани  и со традиционалниот концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче“.