Skip to main content

Здружение „Коштана“

Одбележан празникот Свети Сава во Охрид

По две годишната Ковид пауза, членовите на Српското здружение „Коштана“ во пригодна атмосфера во присуство на бројни членови на Српската заедницата во Охрид го одбележаа празникот посветен на својот прв Архиепископ и најголемпросветител.
 |  инфодеск  | 
Одбележан Свети Сава 2023г

Тадиционално по 16ти пат одбележан празникот Свети Сава во Охрид. Членовите на српското здружение „Коштана“ денес во пригодна атмосфера со молитва, сечење на славската погача, вино го одбележаа христијанскиот празник Св Сава. Свеченоста започна со оддавање почит, слушајќи ја химната „Да воскликнеме со љубов на просветителот Свети Сава“. Среќко Стојановиќ претседателот на српското здружение „Коштана“, вели дека завршува две годишна пауза заради Ковид 19 и дека продолжуваат со чествување на еден од најголемите празници за Српскиот народ.

Свети Сава е значаен празник за нас Србите, затоа што е првиот Архиепископ, тој ја основал Српската прасловна црква. Во Цариград се изборил за Пеќска патријаршија, при што тогаш станува самостојна Српската православна црква. Тој е просветител на целиот Српски народ, со тоа што во Србија се слави како ден на образованието, а кај нас во Македонија нашето здружение „Коштана“ го слави како своја слава.“, кажа Среќко Стојановиќ претседателот на здружението „Коштана“.

Минатата година беше отворен почесен конзулат на Република Србија во Охрид. Функцијата ја извршува Михајло Филев кој истакна дека е среќен што за прв пат присуствува на значајната манифестацијата за Србите во Македонија.

Ова е голем празник за Српската народ и заедницата, затоа што Свети Сава е основоположник и темел на Српската црква, тој е прв Архиепископ. Нашите двата братски народи имаат темелна точка која ги поврзува, тоа се сите наши културни и верски сфери, секогаш ќе бидеме заедно во сите предизвици, секако отворени према целиот свет.“, истакна Михајло Филев почесен конзул на Република Србија во Охрид.

На прославата присуствуваа голем број граѓани од српската заедница во Охрид, а на чествувањето присуствуваше градоначалникoт Кирил Пецаков. Согласно постоечкиот закон за празници, денешниот ден е неработен за припадниците на српската заедница.