Македонски револуционери
Одбележани 118 години од смртта на Христо Узунов
Денес делегација на Општина Охрид положи свежо цвеќе пред неговата спомен- биста во градскиот парк и се поклони на гробот во Цер.
Во рамки на чествувањата по повод одбележување на годишнината од херојската погибија на Христо Узунов, денес делегација на Општина Охрид положи свежо цвеќе пред неговата спомен- биста во градскиот парк.






Делегација на општината присуствуваше и на панихидата и се поклони на гробот на познатиот охридски револуционер во Цер – Кичево.

Деновиве со културно уметничка програма ООУ „Христо Узунов“ го одбележа патрониот празник.


