Одбележани 125 години од формирањето на Првата охридска востаничка чета
Во име на Општина Охрид, на одбележувањето присуствуваше делегација предводена од претседателот на Советот, Перчо Божиновски, која положи свежо цвеќе во спомен собата во манастирот „Св. Петка“ во селото Велгошти,

Во Манастирот „Св. Петка“ во селото Велгошти синоќа беше одбележана 125-годишнината од формирањето на Првата охридска востаничка чета, значаен историски јубилеј посветен на храброста, пожртвуваноста и непокорот на охридските и македонските револуционери.
Во име на Општина Охрид, на одбележувањето присуствуваше делегација предводена од претседателот на Советот, Перчо Божиновски, која положи свежо цвеќе во спомен собата во манастирот.
На свеченоста присуствуваа пратеници, претставници на државни и локални институции, здруженија на граѓани, како и голем број граѓани, кои со своето присуство оддадоа почит на делото и жртвата на охридските востаници.







