Skip to main content

Одбележан 24 јуни Денот на Балканските египќани.

Одбележан 24 јуни  Денот на Балканските египќани.

 |  Валентина Неловска  | 

Одбележан 24 јуни денот на Балканските Египќани. На прославата присуствуваше и министерот за култура Роберт Алаѓозоски. При тоа министерот кажа дека определба на новата Влада е да гради едно општество за сите, еднаквост во правата и можностите на сите заедници.


„Во областа на културата ќе дејствуваме во правец на децентрализација на културно развивање на можностите да допре до секој граѓанин без оглед на припадноста и местото на живеење. Создаваме нови можности за вистинско и успешно унапредување на културата на сите заедници. Со особена грижа на оние заедници кои подолго време беа запоставувани, игнорирани и заборавени“, рече Алаѓозоски.
Египќаните од Македонија од новата Влада очекуваат позитивна клима. Се надеваат на вметнување на оваа етничка заедница и на другите малцински заедници кои не се во Преамбулата на Уставот, напомена на денешната прослава Проф. Д-р. Рубин Земон почесен претседател на Балканските египќани.

 


„ Иако од Македонија почна процесот на будење на свеста кај египќаните на Балканот, припадниците од оваа етничка заедница се на најдолната скала во споредба со останатите египќани во Балканските земји. Во меѓувреме, Косово има пратеник и заменик министер египќанин, воАлбанија е донесен предлог закон и египќаните стануваат дел од зштитените малцинства. Како единствен проблем сега останува Грција“, рече Земон за положбата на егиќаните во Балканските земји.

Во Србија и Црна Гора постои закон за формирање на национални совети на национални малцинства. Косово е пример за добра интеграција на египќаните во системот на институциите. Во Владата има припадници на заедницата на египќаните како пратеник и заменик министер, вели Мустафа Муртај заменик министер за јавна администрација. Муртај ги споделува идните предизивици за унапредување на положбата на египќаните во нивната земја.


„ Акцент ќе ставиме на младите и на образованието и на вклучување на институциите на системот она што е почнато да се прави од наша страна “, рече Муртај .

На Балканот има над 1 милион Египќани, најмногу во Грција и Албанија. Во Македонија има над 4500 египќани кои официјлано се изјасниле, но според етнографските истражувања има над 25.000 припадници на оваа малцинска заедница.

Прославата на Денот на Балканските египќани беше премиерно прикажан документарниот филм на Ал џезира  снимен во Косово и Македонија.