Skip to main content

Одбележан патронот на ОУ „Григор Прличев“


Одбележан патронот на ОУ „Григор Прличев“. Синоќа во Центарот за Култура во Охрид со богата културно уметничка програма, учениците од Григор Прличев уште еднаш ја потврдија својата одговорост, преку игра, песна, рецитал и глума, да му оддадат почит на големото Прличево име.

 |  Николоска Биљана  | 



Свечена приредба по повод патрониот празник на ОУ „Григор Прличев“ се одржа синоќа во Центарот за култура Охрид. Свеченоста започна со прекрасната изведба на  легендарната “1762 Лето” од страна на училишниот хорот. Присутните гости во преполната сала ги воодушеви прекрасниот рецитал на трите наградени литературни творби од учениците, Дарјан Ангелоски, Христијан Мише и Сара Јолакоска….

Беа изведени повеќе музичко забавни точки а исто така членовите на драмската секција од школото изведоа фрагменти од претставата „Бегалка“.

Синоќа свечената приредба по повод патрониот празник на ОУ „Григор Прличев“ ја проследи градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, внуката на Григор, Олга Прличева, како и бројни гости, од збратимени училишта, претставници на локалната самоуправа, родители и ученици .