Skip to main content

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА

Со синоќешното осветлување на зградата на Општина Охрид во зелена боја, Локалната самоуправа се вклучи во одбележување на Светскиот ден на церебралната парализа – 6-ти октомври. На овој ден се потсетуваме дека има над 17 милиони луѓе во светот кои страдаат од ова здравствено нарушување.

 |   | 

Церебралната парализа е несакан глобален феномен и е еден од најчестите физички попречености што ги погодува нашите најмили, децата. Оваа попреченост може да се појави во различни периоди од нивното растење и развој.

Затоа сите во рамки на своите надлежности да работиме на подобрување на условите за живот на оваа категорија луѓе.