Skip to main content

Одбележување на Светскиот ден на лицата со попреченост, во дневниот центар „Зраци“

Дневниот центар за поддршка на лицата со интелектуална попреченост , „Зраци“ од Охрид веќе дванаесетта година функционира на територијата на општината и во него се опфаќаат адолесценти и возрасни лица со интелектуална попреченост.

 |  Голабовски Крсте  | 
dneven centar
дневен центар

zraciДневниот центар за поддршка на лицата со интелектуална попреченост , „Зраци“ од Охрид веќе дванаесетта година функционира на територијата на општината и во него се опфаќаат адолесценти и возрасни лица со интелектуална попреченост. Сместен во призмените простории на О.У „Братство-единство“ и обезбедува подршка на лицата на дневна основа, обука за усвојување и усовршување на вештини за самостојно живеење, работно окупациони програми, образовни програми и социјални активности  за лицата со интелектуална попреченост.

Утре  на Светскиот ден на лицата со попреченост,во просториите на центарот од 11-13 часот пригодно ќе биде одбележан празникот.

{loadposition content9}