Skip to main content

Одбележувањето на Водици мина во најдобар ред

Сашо Точко, претседателот на Општинската организација на Црвениот Крст од Охрид информира дека нивните спасувачи, во координација со нуркачките тимови кои денес беа ангажирани, од водите на езерото извлекле 15 лица кои не можеле да се справат со ладната вода и им било потребно извлекување на езерскиот брег.

 |  Голабовски Крсте  | 
vodici
водици

Сашо Точко, претседателот на Општинската организација на Црвениот Крст од Охрид информира дека нивните спасувачи, во координација со нуркачките тимови кои денес беа ангажирани, од водите на езерото извлекле 15 лица кои не можеле да се справат со ладната вода и им било потребно извлекување на езерскиот брег.

водициСо брза интервенција на спасителите извлечено е и едно малолетно лице кое паднало во езерските води, и истото е без повреди.

Регистрирани се 4 медицински интервенции, од кои една посериозна посекотина и 3 благи облици на хипотермичен шок.

На тимот од Црвен крст голема главоболка им задале  девет алкохолизирани лица, кои се повредиле за време на одржувањето на манифестацијата.

На крводарителската акција која црвениот крс традиционално ја организира за овој ден, денес во просториите на Студентскиот дом „Никола Карев“ беа   собрани 86 едници крв.

{loadposition content9}