Skip to main content

Религија

Се одбележува Страдалната недела

равославните христијани деновиве ја одбележуваат Страсната или Страдалната, Велика седмица, последната недела од Христовиот живот.
 |  Голабовски Крсте  | 
Иконостас

Целиот богослужбен круг во годината е подготовка за Светата велика Четириесетница, која започнува после празникот Прочка, се до празникот Цветници. А Светата Велика Четириесеттница е подготовка за Страсната или Страдалната, Велика седмица, пред најголемиот празник, Воскресение Христово.

„За навистина да почуствуваме на што всушност црквата не подучува, што всушност славиме и празнуваме во тие денови, најдобро е да бидеме присутни на светата бослужба, бидејќи самите богослужби претставуваат поуки и преку нив осознаваме што во тој ден празнуваме и славиме“, – објаснува Отец Диме – Св. Богородица – Каменско.

Во Страсниот понеделник Црквата ни ја дава за размислување темата за бесплодната смоква, осудена од Христа. Вторник е посветен на темата за мудрите девојки, кои за разлика од своите неразумни сестри, биле спремни за Господовото доаѓање. Во Среда вниманието е свртено кон покаената блудница. Службата ја нагласува разликата помеѓу спасената грешна жена и погинатиот Јуда, избран како апостол: првата го дава своето богатство за Христа и ги бакнува Неговите нозе, а другот, пак, за пари Го продава со целив.

„На тој начин треба да се трудиме и ние со милосрдието наше секогаш да бидеме покрај Христос да го целиваме и да му благодариме за човекољубивиот подвиг кој го зел врз себе“, – вели Отец Диме – Св. Богородица – Каменско.

Велики четврток е означен како ден на востановување на новозаветната пасхална жртва. На Велики петок Господ Исус Христос е осуден, распнат и погребен.Слегувањето во адот е на Велика Сабота, а Христовото Светло Воскресение се случува на Велигденската недела. Не треба да направиме голем подвиг, само да дојдеме во храмовите божји, вели Отец Диме.

„Подвиг за да дојдеме во црквата навистина е едноставно. Преку молитвата, исповед, причеста, да се подготвуваме и сите овие празници и со срце и со душа длабоко во себе да ги почувствуваме. Тука, сме отворени сме, самата камбана претставува повик на луѓето, затоа црквата и ја измислила камбаната“, – порачува Отец Диме – Св. Богородица – Каменско.

Црквата пропишува во првите три дена на Страсната седмица на часовите да се читаат сите четири Еванеглија, до местото каде што започнуваат Христовите страданија. А Старозаветните читања се земаат од Втората книга Мојсеева, од Јов и од пророците. Може да се каже дека како општа тема на првите три дена од Страсната седмица се јавуваат крајот на светот и Христовиот Суд. Утрените обично се служат доцна навечер, и на нив се пее посебен тропар.