Оддадена почит на загинатите бугарски туристи во бродската несреќа пред седум години
Оддадена почит на загинатите бугарски туристи во бродската несреќа пред седум години.
Претставници од охридската Локална самоуправа, која го органзира настанот, Бугарскиот културен центар во Скопје, охридската Капетанија и угостители, оддадоа почит пред спомен плочата на загинатите бугарски туристи во бродската несреќа што се случи во Охридското Езеро пред седум години. Во таа најголема бродска несреќа животите ги загубија 15 бугарски туристи при потонување на бродот Илинден во водите на Охридското Езеро. Од името на Локалната самоуправа и охриѓани пред спомен обележјето на жртвите се обрати заменик градончалникот Ангел Јанев и при тоа истакна.
„Ваквите несреќи треба да опоменуваат, да се потсетуваме, но да не се случат никогаш повторно. 7-ми пат се собираме во чест на жртвите во бродската несреќа, но во годините што поминуваат бројот на бугарските туристи е и понатка најголем во градот Охрид. Покрај туристите од Турција, Холандија и Србија, бугарите доаѓаат, го сакаат Охрид и езерото“, истакна Јанев.
Светлана Славова од Бугарскиот култруен центар во Скопје кажа дека на овој ден се обидуваат да не ги заборават нивните државјани кои трагично настрадаа.
„Секоја година на овој ден оддаваме почит на невините луѓе кои загинаа. Се обидуваме да не ги заборавиме. Благодарам на општина Охрид која секогаш ја презема иницијативата и не поканува заедно да оддадеме почит на тие луѓе“, кажа Славова.
Капетан Горан Устијаноски од охридската капетанија подвлече дека по овој настан се преземаат сите безбеднсони мерки за да се подигне степенот на безбедност на охридските пловила на највисоко ниво.
„Ние како капетанија ги правиме сите напори да се подигне безбедноста, а посебно свеста кај луѓето која е пресудна за безбеднста на вода. Ги подигнуваме и техничките стандарди со воспостваување на построги правила при техничките прегледи на бродовите и пловните објекти и мониторингот на езерото преку радарите, и контролата кога секој учесник во пловидбата треба да биде контролиран. Капетанија е во координација со сите учесници во пловидбата и само така ќе се постигне поголема безбедност“, укажува капетанот Устијаноски.
Досега туристичката сезона протекла мирно, без поголеми инциденти и без опасност по животите на луѓето и управувачите на пловилата, потенцира Устијаноски.