Одделението за уво, грло и нос доби нова опрема
Нова опрема во општа болница Охрид на одделението за оториноларинкологија, донација од Австралија. Станува збор за уред кој ќе ја олесни работата на одделението за уво, нос и грло, односно прегледите ќе бидат побезболни, а исто така и дијагностиката на заболувањето ќе биде полесна.
Охридската општа болница доби опрема од австралиско – македонското друштво на лекари. Се работи за современ уред за полесно дијагностицирање на болестите на уво, нос и грло, а исто така и прегледите со помош на новата опрема треба да бидат побезболни, како што изјави др Ленка Беде. Таа појасни дека со новата опрема болницата оди чекор понапред и ги следи современите светски трендови во медицината.
„Добивме еден софицистиран уред бинокуларна конвергентна оптика со која може многу прецизно да дијагностицираме, а исто така и да го опсервираме лекувањето после ординирана терапија или заздравувањето после извршена микрохируршка интервенција “ – вели д-р Беде.
Новата опрема на одделението за оториноларинкологија во употреба ја предадоа охридските пратеници Александар Николоски и Харалампие Шокароски. И двајцата посебна благодарност изразија кон пртеникот Мики Додевски бидејќи со негово посредство денес опремата се најде во охридската болница.
„Ова претставува еден континуитет на вложувањето во охридската болница која што се реновираше во една исклучително квалитетна и современа болница најдобра во регионот, се продолжи кон опремување на истата, што го правиме и денес, третата фаза беше вработување на персонал и четвртата фаза беше едуцирање на персонал“ – изјави Николоски.
„Со ваквите средства кои ги допринесуваат наши колеги во странство, ќе се зголеми обемот на работа на нашите колеги на оториноларингологијата така да ќе се намали препраќањето на наши колеги во Скопје, ќе се зголеми достапноста на овој тип на интервенции за пациентите од Охрид“ – објаснува Шокароски.
Првиот човек на Општа болница д-р Љубен Арнаудов изрази голема благодарност за донацијата и упати апел до сите помоќни граѓани, фирми и компании секогаш да ја имаат во предвид болницата кога се во можност да помагаат.
„Нашата генерална политика е да им овозможиме на нашите граѓани добра здравствена заштита, со континуиран развој со носење на нови апарати со посебен акцент да болницата е дел од нашето живеење“ – вели Арнаудов
Арнаудов нагласи дека нивна главна заложба е охридската болница да прерасне во регионален болнички центар. Според него има зголемен број на пациенти кои доаѓаат од соседна Албанија и бараат здравствени услуги во општа болница. Директорот обелоденува дека потпишан бил меморандум за соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и презеле обврска специјализантите од тој универзитет да доаѓаат во Охрид на едукација, каде ќе специјализираат и таа специјализација ќе биде валидна.
{loadposition content9}