Одекнаа звуците од детскиот фестивал „Распеано Рибарче“
Одекнаа звуците од детскиот фестивал „Распеано Рибарче“.
Се одржува 17 -тото издание на детскиот фестивал Распеано рибарче. На сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ е раздвижено и распеано. Децата од основните и приградските училишта уживаат во тактот на веселите детски песнички на најразлични теми. Коле Петкуќески директор на најстариот, градски детски фестивал вели дека ова е празник за децата на кој ќе се изведат 19 песни.
„Фестивалот започна од 1998 година и е 17 години најквалитетен, детски музички производ во Охрид и пошироко. На сцената како интерпретатори, балетски групи и хор има околу 100-тина деца кои ќе изведат о убави песни, и ова е празник за Охрид.“
Фестивалот ќе трае и во останатите денови до 11 мај. Престави ќе има за сите деца од основни училишта во градот и приградските населби.
{loadposition content9}