Skip to main content

Одговорите на прашањата за имунизацијата да се бараат од докторите, а не на интернет

Експертите им порачуваат на родителите кои се вклучени во кампањата против имунизацијата, која неколку години е актуелна во Македонија, одговорите на прашањата да ги бараат на вистинското место.

 |  Голабовски Крсте  | 
imunizacija
имунизација

Антивакциналното движење кое кај нас стана актуелно последиве неколку години не е ништо ново. Ако истото во САД беше актуелно пред 15 години, во Европа пред 10 година последниве две години крена голема прашина и кај нас па дури стигна и пред Уставниот суд на РМ . Медиумите, социјалните мрежи и најразличните дискусии на форумите придонесоа за актуелноста. Родителите благо речено збунети. Бомбардирани со дијаметрално спортивни  информации. Од оние кои се категорично против имунизацијата до информации кои ја објаснуваат и поддржуваат имунизацијата.  Младите родители, одговорите на тие прашања треба да ги бараат од здравствените работници кои се бават со оваа проблематика, експертите кои  ќе им ги дадат точните информации, вели Др.Катерина Ставриќ – педијатар, Медицински факултет – Скопје .

Katerina Stavric„Ние го имаме знаењето, ја имаме науката научните достигнувања, се прати ги имаме доказите како доктори како професионалци ги имаме сите факти од наша страна. Од друга страна родителите нормално да прашуваат под притисок на сите овие состојби да имаат сомненија и да се воспостави една доверба.На докторите и здравствените работници ни треба подобрување на комуникацисјките вештини, повеќе време да им одвоиме на пациентите за да може сите прашања кои ги имаат родителите да им се даде одговор. Нема точен одговор треба да се разговара“ вели Ставриќ.

Во врска со тврдењата за поврзаноста на имунизацијата и аутизмот, Ставриќ ќе рече дека научниците веќе 15 години работат на поврзаноста со примањето на вакцината за сипаници со аутизмот, но дека сеуште конкретни докази за тоа нема.

Др. Драган Јанковиќ, пак претставник на Светската Здравствена Организација, согласен дека здравствениот систем треба да воспостави надзор на сите реакции кои се јавуваат после секоја вакцинација, а сите здравствени работници  да бидат во целост информирани и за ризиците на секоја вакцина, ризици кои се можни при било каква медицинска интервенција.

Dragana Jankovic„Бидејќи она што е најлошо во ситуациите кога нема јасни и прецизни информации, е кога скандалозната информација го привлекува вниманието на родителите. Сите сме склони да го причитаме она што е напишано со големи црвени букви на насловната страна а да ја немаме целосната информација која би ни помогнала во донесувањето на одлуката.Ќе повторам, сите вакцини кои се пуштаат се проверени при нивното производство и тоа секоја поединечна серија. Здравствените работници треба да ги следат несаканите појави кои се јавуваат после вакцинацијата, но кои не мора да се поврзани со вакцинацијата.Ако тврдиме нешто мораме да бидеме сигурни дали тоа е причината или не“, објаснува Јанковиќ.

Годишно околу 150.000 деца на различна возраст се вакцинираат во Македонија. Опфатот е во просек околу 95 отсто за сите вакцини, но се уште има поделеност и недоверба на родителите за најновата вакцина против инфекции со хуман папилома вирус (ХПВ) која од 2009 година е задолжителна за девојчиња на 12 години. Минатата година вакцината ја примиле 50 отсто во државата, а во Скопје меѓу 20 и 25 отсто. Оние родители кои нема да ги вакцинираат децата добиваат казни од 500 евра, по пријава на инспекцијата, и засега околу 200 случаи се на суд за одбивање различни видови вакцини.

{loadposition content9}