Skip to main content

Одлична опрема, професорски кадар и први запишани постдипломци на охридската филмска академија

Според директорот на настава и наука, Зоран Велјаноски-Летра, на францускиот филмски фестивал и филмската академија им недостига уште филмско студио како Охрид навистина би прераснал во филмски град.

 |  Мишел Наумоски  | 
filmska akademija

Студио за монтажа на звук и слика, четири админстративни канцеларии, две големи училници, една за сценаристика и драматургија опремена со 4К телевизори и звук, и една за катедрата за креативна продукција опремена со платно за проекција на филмови, сараунд систем. Филмската академија од Охрид на добар пат да стане вистински клон на братската филмска академија од Чешка, ФАМУ. Предавања на англиски јазик, 24 реномирани професори исклучиво од чешката академија, како и двајца гости од Универзитетот Колумбија од Њу Јорк и Филмската академија од Њу Јорк се само дел од предиспозициите кои според директорот на настава и наука, Зоран Велјаноски-Летра гарантираат успех на охридската филмска академија. Моментално работат и со првите студенти постдипломци на академијата.

akademija za film“Во овој период, имаме веќе први, седум студенти, односно постдипломци, тоа заборавив да кажам, како јавна научна установа Институт за филм, се занимаваме со проблематиката на науката во филската индустрија. Така да нашите програми се за постдипломски и докторски студии. За додипломски студии сега засега не е планирано, меѓутоа во иднина може и тоа да се отвори. Меѓутоа со оглед на фактот дека постои ФДУ во Скопје, постои филмската академија при универзитетот во Штип, постои приватната ЕСРА така да кадрите за додипломски студии веќе ги имаме и тука.”-вели Велјаноски.

Во моментот Охридската филмска академија има акредитирано две студиски програми и тоа програмата за сценаристика и драматургија и програмата за креативна продукција. Годинава ќе ја зголемат оваа бројка.

filmska “За оваа година поднесовме до министерството за образование односно до одборот за акредитација за акредитирање уште три катедри односно три студиски програми, поточно четири едната студиска програма е поделена на две, едната програма ќе биде за режија, другата ќе биде за камера, а третата ќе биде за пост-продукција која разделена на два сегменти, за монтажа и за звук, филмска монтажа и филмски звук. Така да наредната година ќе имаме седум катедри.”-рече тој.

Institut za filmВелјаноски вели дека дополнително академијата располага со еден од најдобрите ако не и најдобриот филмски проектор во Македонија со 4К квалитет на сликата, вистинско филмско платно со големина од 6 на 9 метри кое е монтирано на ѕид и се спушта и крева по потреба како и сериозен сараунд систем од 11 звучници. Додава дека тие се особено горди на дигиталната филмска библиотека која ја имаат во која располагаат со повеќе илјади филмови кои ги користат во образованиот процес. Филмовите преку главниот сервер се достапни за сите професори и студенти со соодветна лозинка со што е овозможено и визитинг професорите да доаѓаат веќе подготвени за предавањата. Филмската академија веќе има добиено и стипендии за постдипломците во висина на годишната школарина која изнесува 9000 евра.