Одливот на младите лица негативно се одразува на пазарот на трудот
За прв пат општина Охрид организираше саем за вработување и идеи. На едно место се сретнаа фирмите кои бараат работници и лицата кои се потрага по работа. Одливот на младите лица од земјава негативно се одразува на пазарот на трудот. Во зачеток е и менување на политиката на работодавачите во однос на платите и условите за работа за кадарот од кој имаат потреба.
Ирена Шулеска од неодамна е дипломиран економист. Оваа млада еконмсомистка е во потрага по работа во својата струка.
„ Скоро дипломирав во јули. Досадно ми е да седам дома сакам со нешто да се надоградуавме себе си“, вели Шулеска.
На пазарот на трудот има се помалку млади квалификувани кадри и занаетчии. Повеќето бараат начини да заминат во странство заради подобра зарабоувачка. Оние кои останува тука не се задоволни од платата и условите за работа кои ги нудат работодавачите. Одливот на младите лица од земјава негативно се одразува на пазарот на трудот. Маја Биткоска Ташкоска директор на охридскиот Центар за вработување, вели се повеќе работодавачите се соочуваат со немање на кадар за работа.
„ Со самото намалување на работната сила се згломеува свеста кај работодавачите да ја покачат платат д а има поголем третман кон работниците. Оди во нагорен линија. Самото побарување на работниците е повисока плата и подобрување на условите за работа. Работодавачите се трудат да им ги задоволат тие барања иако се во нагорна линија за младите но и повозрасните кои сакаат да работат тука и да останат во земјава“, вели Биткоска Ташкоска.
Локалната самоуправа за прв пат организираше саем за вработување и идеи со цел да ги спои на едно место компаниите кои имаат потреба од работа сила и лицата кои бараат работа.
„ Неколку години истражуваме за потребите на работната сила во охридското стопанство.Досега една од мерките за зајaкнување на капацитетите на лицата кои бараат работа правиме одредени прекфаликации и дообуки исклучиво за потребите на пазарот на трудот“, вели Апостолов.
На саемот за вработување беа присутни претставници од 10 охридски компании. За потребите на различни стопански гранки се бараат работници од најразлични профили.
На пазарот на труд во Охрид и понатка нема доволно квалификувана работна сила од технолози, инжинери од машинска струка, алатничари, заварувачи, пекари, лекари, фармецевти. Вишок на работна сила и понатака се дипломирани правници и економисти.