Кампањата „Подај рака и промени живот, стани згрижувач“ која требаше да се одржи денеска на градскиот плоштад е одложена поради временските услови. Кампањата е наменета за промоција на згрижување и има за цел да се зголеми бројот на згрижувачки семејства во земјата.
Подај рака и промени живот, стани згрижувач
Националната кампања се спроведува од страна на СОС Детско село, во соработка со Центрите за поддршка на згрижувачки семејства „11 Октомври“ и „Битола“, Министерството за труд и социјална политика и локалните самоуправи, а овозможена е од страна на Германското министерство за економски развој и соработка.