Од Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид информираат дека изведбата на современата драма „Сам против сите“ закажана за 14-ти декември е одложена. Оттаму велат дека за новиот термин, јавноста ќе биде навремено известена.
Tемата на оваа пиеса е борбата против анксиозноста и депресијата. Лекот за нив се наоѓа во секој од нас, само треба да го најдеме.
Целта на проектот „Сам против сите“ е да ги отвори сите прашања поврзани за анксиозноста и депресијата, кои со години се кријат под тепих и за кои луѓето не сакаат да зборуваат.